X
 12.07.2020 Здравје

Онлајн-курс за здрава исхрана од медицинскиот факултет при „Харвард“

Здравата исхрана не е квантна физика, но може да изгледа така поради постојаните информации што ги слушаме за нови диети, хранливи производи и штетни намирници. Медицинскиот факултет при универзитетот „Харвард“ има шестнеделен онлајн-курс за исхрана кој треба да биде доволен за да се разберат сите концепти поврзани со здравата исхрана. Во курсот има и лесни рецепти за здрави оброци.


Фото: Pexels

Според описот на курсот, експертите од „Харвард“ создале план со кој за шест недели може да го подобрите здравјето преку едноставни промени во исхраната. Курсот е дизајниран за да трае еден и пол месец, но курсистите сами одлучуваат за брзината со која ќе напредуваат.


Фото: Pexels

Во првата недела се учи за правилното уредување на кујната, водење дневник за исхрана, правилно купување намирници и правилно читање на состојките на производите. Во втората недела се учи за подготовка на добар појадок, а веќе во третата недела се учи за ручекот и вечерата.

Курсот чини 30 долари и може да се најде тука.

Извор: Келс Мекфилипс
Извор: wellandgood.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје