Се работи на истражување за споредување на податоци кои го земаат лекот и оние кои добиваат плацебо за да се види дали лекот делува.
Научници од институтот „Каролинска“ работат на истражување за лекот „degarelix“, кој го намалува сексуалниот нагон на потенцијалните насилници. Само една инјекција го намалува тестотеронот на речиси занемарливо ниво во рок од три дена, веруваат шведските научници.
Научниците започнале кампања за собирање пари за да може да продолжат со ова истражување. Потребни им се околу 47.000 евра.
- Едно во десет момчиња и едно во 20 девојчиња во животот се сексуално малтретирани во детството. Тешко е да се соочиме со тоа, но мораме бидејќи тоа влијае на сите нас - изјавува главниот истражувач, Кристофер Рам.
Целта на истражувањето е споредување на волонтерите кои го земале лекот и оние кои не го земале, за да се видат кои од нив полесно може да го контролираат сексуалниот нагон без неприфатливи последици.
За разлика од останатите хормонски терапии, овој лек не предизвикува иницијално поттикнување кое го подигнува нивото на тестостеронот, пишува „
Express“.