X
 27.08.2017 Забава

„Фејсбук“ со нова опција


Панорамска фотографија на „Фејсбук“
(Фото: Youtube / Screenshot)


Ако сакате вашите насловни фотографии на „Фејбук“  да бидат што пооригинални и позабележителни, еве една добра вест. Компанијата воведе можност за панорамско фотографирање и тоа на самата апликација.

Процесот е едноставен – се вртите во круг додека фотографирате, обидувајќи се да останете во рамките на предвидените линии, а на крај самите си го избирате почетниот кадар, како и при панорамско снимање со телефонска камера.

Откако ќе завршите со фотографирањето, веднаш можете да ја поставите фотографијата како насловна на вашиот профил.

Компанијата „Фејсбук“ ја пласираше оваа можност во средата, па би требало веќе да е достапна доколку апликацијата ви е ажурирана.



Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава