Колкав поткуп може да земете пред да бидете осудени на смртна казна? Кога станува збор за Кина, постои точна сума - 3 милиони ренминби, односно 463.000 долари, се вели во извештајот објавен на 18 април од страна на кинеските власти.
Според дополнувањето на законот, на смртна казна се осудува секој кој крие или прима мито со таа сума или поголема. Меѓутоа, во некои „особено сериозни“ ситуации, како кога овластено лице краде од фондови за помош при катастрофа, кражба на половина од дадената сума може да биде доволно за лицето да биде осудено на смрт.
Претходно, казната се одредувала за кражба на „големо количество пари“ или „екстремно големо количество пари“, што не претставува прецизна мерка.
За време на водењето на Си Џинпин, Кинеската комунистичка партија, која е на власт, започна со реализација на кампања за антикорупција во која се вклучени стотици илјадници државни лица.
Изминатата година, 16 кинески лидери биле осудени за мито. Кина осудува на смрт повеќе луѓе годишно од секоја друга нација, иако од Пекинг велат дека бројот се намалил последните години. Во Кина може да се биде осуден на смрт за 46 криминални дела.