Се работи за сосема нова авионска агенција која штотуку започнала со работа годинава, но медиумите веќе пишуваат за неа. Имено, „Air Europa Express“ нелегално им наплаќала по 60 евра на кандидатите да аплицираат за работни места како пилоти и персонал.
Интервјуата за 100-те работни места како пилоти и 150-те места како стјуардеси биле одржани изминатата недела во Валенсија. Шпанската унија за размена реагира на оваа приказна. Унијата добила примерок од електронска порака испратена до кандидати за работа во која се бара сумата од страна на агенцијата.
Шпанската асоцијација на комерцијални пилоти веќе поднела жалба бидејќи „секој избор треба да биде базиран на професионални критериуми“. Наплаќањето за пријавување за работа не е легално бидејќи го руши принципот за недискриминација при вработување.
Од агенцијата не потврдиле дека кандидатите плаќале за да добијат интервју, но изјавиле дека компанијата е „многу задоволна“ од процесот за вработување.
Инаку, невработеноста во
Шпанија изнесува 21%, најголема во Европската унија заедно со Грција.