Сите бевмe непријатно изненадени после смртта на сопственик на „Тесла“ автономниот автомобил, меѓутоа доаѓаат и добри вести поврзани со ова паметно возило.
Сопственикот на вакво возило од Спрингфилд, Мисури, Џошуа Нели често пати го користел полу-автономниот систем за возење наречен „Autopilot“ на неговиот „Тесла модел X“.
Еден ден, кога Нели го возел својот автомобил, развил потенцијално фатално затнување на крвните садови во неговите бели дробови. Болеста се нарекува белодробна емболија и можела да биде смртоносна за Нели, меѓутоа благодарение на неговото возило, кое го однело до болница, тој преживеал.
Болницата била при првото исклучување од излезот на автопатот, а Нели бил во можност да управува со
возилото последните неколку метри и да стигне до болницата.
Претходно оваа недела, група истражувачи го хакнале „Autopilot“ системот и го блокирале радарот. Не е нешто лесно кое може да се направи, меѓутоа е возможно, такашто хакерите би можеле да ја искористат оваа слабост на системот и да прдизвикаат судир со голема брзина.