X
 28.04.2016 Живот

Македонците најчесто возат "фолксваген" што го купиле "на старо"



Македонците најчесто возат "фолксваген" што го купиле "на старо", ова го покажа анкетата која изминатата недела ја објави www.fakulteti.mk. На прашањата одговорија вкупно 584 читатели. Да ја видиме статистиката подетално.

На прашањето каков автомобил возите одговориле 579 читатели. Од нив најмногу возат „фолксваген“, односно 14 отсто. Следуваат автомобилите од брендот „опел“ (11,7 отсто), „форд“ (8,8 %), „фиат“ (7,6 %), „пежо“ (6,9 %), „рено“ (5,7 %), „ауди“ (5,4 %), „ситроен“ (4 %).

Повеќе од половина од испитаниците, односно 328 (58,8 %) се на возраст од 18 до 27 години. Каков автомобил возат одговориле 136 читатели (24,4 %) од 28 до 37 години, 67 од нив (односно 12 отсто) се на возраст од 38 до 48 години, додека 27 испистаници се постари од 49 години.

Само 2% од анкетираните возат автомобили поскапи од 20.000 евра, додека 50% возат автомобили во вредност од 1.000 до 5.000 евра.

Вкупно 285 (50,2 %) читатели го возат својот прв автомобил, додека 49,8 отсто од испитаниците управувале со повеќе возила.

Од 574 читатели, дури 79,3 отсто (односно 455 испитаници) возилото го купиле половно.

Една петтина од анкетираните купиле нов автомобил од салон, т.е. 119 читатели (20,7 %).

Интересен е податокот дека најголем број од анкетираните својот автомобил го добиле од родителите, односно 48,9 отсто (269) од вкупно 550 одговори. Со сопствени пари возило купиле 37,1 отсо од испитаниците (204), а 77 од нив (14 %) зеле кредит за да купат автомобил.

Најголем дел од читателите се задоволни од својот автомобил, дури 450 (79,4 %). Мал процент, 6,3 % (или 36 испитаници) не се задоволни и планираат да си купат друг автомобил, додека 14,3 отсто (81 испитаник) не е задоволен, но нема услови да купи друг.

На прашањето дали младите возачи кои тукушто добиле сообраќајна дозвола треба да имаат ограничување на возилото што го управуваат, 63 отсто (или 358 читатели) сметаат дека секој е одговорен за своите постапки, а сообраќајната култура и безбедност се учат секој ден. Една четвртина, односно 25,7 отсто сметаат дека младите од 18 до 28 години треба прво да возат „фиќо“, а потоа побрз автомобил. Вкупно 64 читатели (11,3 %) сметаат дека не треба да има ограничување, бидејќи дозволата е потврда дека возачот знае да вози.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот