X
 02.01.2024 Здравје

Што се случува во организмот по една година веганска исхрана?

Веганската исхрана во последниве години станува сѐ попопуларна насекаде низ светот. Некои започнуваат со ваква исхрана поради етички причини, други поради здравствени причини, а нутриционистите тврдат дека доколку е правилно избалансирана, веганската исхрана може да донесе многу придобивки.

Добро балансираната веганска исхрана со помалку сол и преработена храна може да го намали ризикот од срцеви заболувања, како и од дијабетес. Меѓутоа, треба да внимавате на внесувањето железо, цинк и калциум доколку сте на вегански режим на исхрана. А еве што се случува во телото во текот на една година веганска исхрана.

По неколку дена

Доколку се одлучите да станете веган, во првиот момент ќе почувствувате наплив на енергија што доаѓа од исклучувањето на месото и доминацијата на исхраната базирана на овошје, зеленчук и јаткасти плодови. Потребно е однапред да се размислува за оброците за да се обезбеди постојано одржување на нивото на енергија.

По неколку недели

По неколку недели нејадење месо, ќе има промена во цревата на подобро, иако не се исклучени и зголемени гасови и надуеност бидејќи веганската исхрана има повеќе влакна и јаглехидрати кои ферментираат во цревата и може да предизвикаат иритација.

По неколку месеци

По неколку месеци кожата ќе биде почиста, но нивото на витамин Д може да се намали бидејќи најмногу го има во месото, рибата и млечните производи. Овој витамин е многу важен за коските, забите и мускулите, а неговиот недостиг е поврзан со срцеви заболувања, мигрена и депресија. Резервите се чуваат во телото само два месеца. Бидејќи телото го произведува благодарение на сонцето, не е лоша идеја да се префрлите на веганска исхрана на крајот од зимата.

По една година

Како што се приближувате до годината, вашите резерви на витамин Б12 веројатно се исцрпуваат. Замор, отежнато дишење, трнење на рацете и на нозете, слаба меморија се некои од симптомите дека ви недостига овој витамин кој може да го најдете само во производите од животинско потекло. Затоа е важно да се компензира, инаку исчезнуваат сите придобивки за кардиоваскуларниот систем.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје