X
 05.12.2016 Економија

Професии во Македонија за кои има најмногу слободни работни места

rabota

 

На македонскиот пазар на труд најмногу работници се бараат во секторот за административни и помошни услужни дејности и изнесува 2.72%


Во третото тримесечје оваа година, стапката на слободни работни места на пазарот изнесува 1.27%.

Најниска е стапката во секторот Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината и изнесува 0.21%, додека деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни мести која изнесува 1.74%.

Кога станува збор за региони, југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места - 2.09%, додека најголем број на слободни работни места има во петтата група на занимања - Работници во услужни дејности и продажба - 1729.

 

Тука можете да го погледнете извештајот во целост.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија