X
 11.05.2016 Наука

Мажите кои имаат паметни сопруги живеат подолго

maz

 

Се чини дека сепак паметот е поважен од убавината. Исто како што вежбањето и правилната исхрана ни помагаат да живееме подолго, се чини дека бракот со интелигентна сопруга се чини еднаков добар. Вака вели најновото истражување од универзитетот во Аберден. Тоа утврдило дека мажите кои се во брак со паметни жени живеат подолго, животот им е посреќен и поретко боледуваат од Алцхајмер и деменција.


Истражувањето го следело здравјето на идентични близнаци и откри како нивната околина, вклучувајќи го и тоа со кого се во брак, влијае врз ризикот да заболат од деменција како и тоа дека паметната сопруга штити од дегенеративни болести.

Решавањето крстозборки во недела наутро може да го активира мозокот, но интелигентните брачни сопруги кои го предизвикуваат мозокот на своите мажи, вклучувајќи ги во водење интелектуални разговори, со што се спречува деменцијата.

Мажите кои на снимките имале физички знаци на деменцијата, немале никакви симптоми на болеста, благодарение на паметните и духовити жени во нивните животи.

Најчестиот облик на Алцхајмер и деменција се појавува кај луѓето над 65 години, но со паметна жена која претставува интелектуална стимулација и има висок степен на образование, сите професионални и когнитивни активности на мажот се поврзани со намалување на ризикот од деменција. Јасно е дека позади секој добар и паметен човек, стои добра и паметна жена.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука