Најголемиот крузер на светот, „Хармони ов сиз“ тргна на своето прво патување од француското бродоградилиште во Сен Назер.
Бродот е долг 362 метри и висок 72 метри, а плови кон Саутемптон во Англија, откаде ќе тргне на своето прво крстарење по Медитеранот.
Бродот може да има речиси 55.000 патници, велат од „Ројал Карибијан интернешенал“. Изградбата на истиот чинела околу 1,15 милијарди евра а траела над 2 и пол години.