X
 27.05.2016 Живот

Експертите одлучија: Ова е најгрдата боја во светот

Боите имаат големо влијание врз нашето расположение, но исто така и врз нашите сетила. И додека некои нијанси можат да поттикнат добро расположение, да ни го отворат апетитот или пак да не' направат попривлечни, постојат и такви кои можат да предизвикаат спротивен ефект.

 

боја


Токму ваква боја е и таа која е прогласена за најгрдата боја во светот. Станува збор за кафеав-зелена нијанса, мешавина од маслинесто зелена и кафеава боја, која доби бројни епитети како нечиста, тиња, па дури и смрт, а нејзиното официјално име гласи „Pantone 448C“ или „opaque couché“.

Иако оваа боја има негативна конотација, пораката која треба таа да ја пренесе е всушност многу важна и моќна. Имено, помеѓу сите бои и нијанси од сончевиот спектар, најгрдата боја е избрана за да влијае врз пушачите и да ги поттикне да се откажат од пушењето.

Пред четири години, австралиската влада ја ангажирала истражувачката агенција „GfK“ чија задача била да направи најнепривлечен дизајн на цигари кои требало да бидат исти за сите компании за цигари.

После три месеци истражување, експертите дошле до заклучок дека негативниот ефект може да се постигне токму со оваа боја, која во комбинација со графичкото предупредување за опасностите од здравјето, има негативен ефект врз луѓето и врз пушачите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот