X
 27.05.2016 Технологија

Планот на Amazon да го победи YouTube

„Amazon“ веќе се натпреварува со „Netflix“ со тоа што им нуди на корисниците да гледаат филмови и серии. Сега, директно го напаѓа „YouTube“ во поглед на видео содржините. Имено, компанијата го претстави „Amazon Video Direct“, сервис кој ќе им овозможи на корисниците директно да прикачуваат видеа на „Amazon“ и да бидат платени за тоа.


Програмата на „YouTube“ за плаќање на корисниците веќе им овозможува на сите корисници да заработуваат за своите видеа. Според „Bloomberg“, компанијата „Amazon“ изјавила дека новиот сервис е наменет за професонални креатори на видеа. Од друга страна, „YouTube“ ги наградува креаторите од сите возрасти и со сите вештини.

Новиот сервис на „Amazon“ ќе биде достапен на сите платформи - компјутери, мобилни уреди итн. Публиката која ќе ги гледа видеата ќе одлучува како ќе им биде платено на креаторите на видеата. Креаторите може да одберат како ќе се гледаат нивните содржини. Видеата треба да бидат со висока резолуција и адаптирани за луѓето со послаб вид.

Сепак, најголемиот предизвик за компанијата е глобалниот пристап. „Amazon video“ е достапен само во САД, Германија, Австрија, Велика Британија и Јапонија.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија