X
 31.05.2016 Живот

Иновативни луѓе кои го менуваат светот денес

Во денешниов свет во кој идеите се се`, овие консултанти целосно ги менуваат работите, а со тоа и светот.


Параг Кана

Тој е основач на две консултантски агенции - „Hybrid reality“ и „Factotum“. Кана патувал на секој континент за да се сретне со многу од најуспешните мислители, политичари и лидери денес. Притоа, тој стигнал до заклучок дека најважниот фактор кој ќе го одредува успехот во следните децении ќе биде степенот до кој луѓето и организациите ги зголемуваат конекциите. Ова е темата и на неговата последна книга „Connectivity: Mapping the future of global civilization“.

Ерин Херсеј


Оваа консултантка работела во областите на уметноста, образованието, технологијата и бизнисот, а својата сегашна професија ја има бидејќи смета дека ги поврзува сите останати кои ги имала претходно. Таа има консултантска агенција, „?WhatIf! Innovation“.

Џули Мекбрајд

Таа работела во непрофитни компании со години, но сега е убедена дека профитот е главниот мотив за извлекување на потенцијалот и за правење социјална промена. Сега, таа наоѓа и применува иновативни решенија за познатите франшизи и нејзината работа придонела и во областа на финансиите но и во задоволството на купувачите и корисниците.

Елизабет Пастор

Додека била на студии во 1990-те, Пастор се сетила на идеја за нова конференција. Таа конференција била наречена ТЕД. Таа е ко-основач и на „Humantific“ и работи со организации како Би-Би-Си, „Vodafone“, УНИЦЕФ, „Gates foundation“ итн.

Кристијан Бурбоне

Бурбоне е основач на консултантскиот бренд „Cohesion“. Меѓу останатото, Бурбоне и неговиот тим целосно го смениле јавниот превоз во Монтреал.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот