X
 09.11.2016 Живот

Тактика за заспивање на бебиња

Во последните пет години има драстично зголемување на бројот на советници кои сметаат дека бебињата можат да се тренираат за да спијат во текот на ноќта  без да се разбудат или да имаат потреба од хранење. Ова е можеби одлично за родителите ако можат тоа да си го дозволат. Но, има и многу несогласувања во врска со тоа колку ваквиот тренинг би бил добар за децата.


Родителите најдобро знаат – додека нивните бебиња се многу мали, мака мачат со запсивањето, а самите родители спијат по 2 до 3 часа во просек, па постојано се исцрпени.


Заради тоа голем број на родители најмуваат советник за спиење. Оваа пракса најмногу се применува во Велика Британија и тоа особено во последните пет години. Постојат компании кои ги нудат ваквите услуги, како што се домашни посети и останување во текот на ноќта од страна на советниците, онлајн доделување совети и телефонски сервис. 

Децата имаат далеку пократок циклус на спиење отколку возрасните и можно е да се будат дури по 10 пати во текот на ноќта, а она што родителите треба да го направат е да им помогнат на своите деца да ги спојат тие циклуси заедно, велат советниците. Тоа ќе го направат ако воведат некоја рутина пред спиењето и ќе се придржуваат до неа за детето да стекне навика дека во тој период оди на спиење. Советниците сметаат дека родителите не треба на детето да му испраќаат измешани пораки со тоа што ќе го нахранат за да го заспијат. Не значи дека детето секогаш ќе плаче, но во повеќето случаи тоа и се случува. Сепак, нема друго решение, велат советниците, кога би имало решение кое не е проследено со плач, сигурно дека сите родители би го применувале. Се советува родителите да ја користат техниката на контролирано плачење, односно кога бебето ќе биде оставено да спие и се разбуди, родителот да почека кратко време па да се упати да го утеши.
Некои научници го истражувале моментот на оставање на бебето во плач и ефектите врз него – се претпоставува дека можеби ваквата постапка му штети на детето во неговиот емоционален развој. Друга студија пак, не нашла негативни последици кај децата дури и по пет години откако на нив се користела таа тактика за оставање на детето во плач. Што значи дека овој „проблем“ е малку нејасен.

Советниците сметаат дека оваа тактика не е за секого. Велат дека така не може да се постапува со бебиња кои се помали од шест месеци, бидејќи на нив им е постојано потребна грижа. И родителите се разбира дека треба свесно да сакаат да го испробаат тој начин на тренирање на бебето, а не да бидат под притисок на семејството или пријателите.
Иако многумина сметаат дека нивните деца имаат проблем со спиењето, сепак нормална појава детето да се буди ноќе до возраст од 2 и пол години.

Според извештајот „Sleep: what is normal at six months?“ :

Само 16 проценти од бебињата спијат цела ноќ на 6-месечна возраст
50 проценти од бебињата се будат повремено
9 проценти од бебињата се будат повеќето ноќи
17 проценти од бебињата се будат повеќе од еднаш во текот на ноќта
16 проценти од шестмесечните бебиња немаат регуларна шема за спиење
61 процент од бебињата спијат во сами во соба до шестмесечна возраст, но само 15 проценти се носат во спалната на родителите во случај да се разбудат.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот