Развиена земја подразбира да бидат исполнети неколку клучни услови: универзална здравствена заштита, бесплатно образование во јавните школи, задолжителен платен одмор и покриена грижа за децата. Сите овие фактори се индикатор за држава со социјална благосостојба, каква што нема во Америка (патем, погледнете го последниот документарец на Мајкл Мур,
Where to invade next?, за да ви стане појасна целата ситуација).
Последните статистики на
CIA World Factbook покажуваат дека Американците живеат во многу нееднакво општество, всушност, во најголема нееднаквост во однос на развиените земји.
Според Џини индексот за нееднаквост, Америка е рангирана на 102 место од вкупно 145 земји во листата на ЦИА за распределба на приходот. Од големите земји, само Кина има понизок индекс, додека Русија има помала нееднаквост во приходите. Овие статистички податоци најдобро ги отсликуваат социјалните бенефити што НЕ ги уживаат Американците. На пример, државјаните на Америка не плаќале школарина во јавните школи до седумдесеттите години.
Друг податок што ја прикажува нееднаквоста во приходите е минималната плата на национално ниво, која сè уште изнесува 7.25 долари на час, додека во Австралија висината на минималната плата е околу 16 долари на час за полно работно време.
Песимистичките предвидувања велат дека оние на кои им “оди” во животот, ќе се организираат да заштитат сè што имаат, вклучувајќи и начини што не им се во прилог на мнозинството. Тоа се случува од седумдесетите со доминацијата на слободниот пазар и т.н. Лесе фер (
Laissez-faire) идеологија која се бореше за намалување на даноците и владините регулативи со цел заштита на богатството на оние на кои им “оди” во животот.
Експерти велат дека итно треба да се вратат трудовите закони од претходните години коишто дозволуваат
колективен договор, и задолжително да се воведе прогресивен данок, кој ќе им наплаќа на луѓето во зависност од примањата, како што било пред владеењето на претседателот Реган кога богатите не се оданочуваа.
Информации извлечени од текстот на Харлан Грин во
Хафингтон Пост.