X
 19.11.2022

Дали сте слушнале за „Марс на Земјата“, место кое се користи како полигон за обука на астронаутите?

Островот Девон во Бафиновиот Залив, кој припаѓа на канадскиот арктички архипелаг, е најголемиот ненаселен остров на Земјата и постои добра причина за тоа.

остров
Фото: Instagram

Земјата останува замрзната речиси целата година, особено источната страна од островот, која е трајно покриена со ледена капа дебела од 500 до 700 метри. Само за кратко време, во траење од 45 до 50 дена, во екот на летото површината на земјата нема снег. Летната температура се искачува до едвај 8°C. Просечната годишна температура е -16°C.

остров
Извор: Instagram

Со други зборови, островот Девон е неплодна пустелија каде што доминираат карпи и речиси нема растенија и животни. Но, за научниците и истражувачите, тоа е исклучително интересно место.

Од 2001 година островот Девон е летен дом за група луѓе кои работат на меѓународен истражувачки проект наречен „Проект Хатон Марс“ (HMP), кој проучува како би можеле да живеат и да работат истражувачите на други планети, особено на Марс.

- Неплодниот терен на островот Девон, ниските температури, изолацијата и оддалеченоста им нудат на научниците на НАСА многу уникатни можности за истражување - се наведува на веб-страницата на НАСА.

остров
Фото: Wikipedia

- Други фактори, како што се арктичкиот циклус ден-ноќ и ограничените логистички и комуникациски способности, нудат релевантни сознанија за предизвиците со кои членовите на екипажот ќе се соочат при долгите вселенски летови.

Една од околините што најмногу наликуваат на Марс на Земјата, островот Девон, сега може да се истражува и на „Гугл стрит вју“.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk