Јужноафриканска република е поделена на два дела - богат и сиромашен - кога станува збор за архитектурата во земјата. Од 1948 до 1994 година, владата имала контрола на афро-американците да ги намалат нивните можности за образование, со што се предизвикало поделба на богатството.
Архитектурата играла голема улога во оваа поделба и до 1990-те години се создале зони со кои се делеле граѓаните според раса и статус. Фотографот Џони Милер од Јужноафриканска република сакал да ја покаже оваа нееднаквост и со својот дрон ги фотографирал границите кои ја покажуваат поделбата.
Во неговата фотографска серија „Unequal scenes“ се покажани сцени од Кејптаун, Јоханезбург и Дурбан. На фотографиите може да видите богати домови со базени и градини во некои населби и сиромашни региони на други места.