На натпреварот Македонија - Шпанија на 11. јуни (недела) во 20:45 часот на секое седиште на јужната трибина ќе бидат поставени картони во црвена и во жолта боја со кои ќе се формира македонското знаме. За време на интонирањето на химната на Македонија и пред второто полувреме, со кревање на картоните, гледачите од блоковите 2, 3, 4 и 5 на јужната трибина на Националната арена ќе го формираат знамето на Македонија.
Во недела, на 11. јуни во 20:45 ја бодриме репрезентацијата на Македонија на натпреварот против Шпанија.
Влезниците во продажба по цена од 200, 500 и 800 денари преку продажната мрежа на mktickets, официјалниот штанд на ФФМ во Skopje City Mall и на билетарата на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
„После химната, нема замор. Поддржете ја Македонија“
Горан Пандев – капитен на Македонија