X
 20.07.2016 Живот

Миа Крстевска го сруши најстариот рекорд во Македонија

миа

 

На државното првенство во Македонија кое се одржа на 11 и 12 јули, младата пливачка од клубот „Орион“ од Скопје, Миа Крстевска апсолутно го собори националниот рекорд во 200 метри грбно пливање, стар 25 години.


Миа оваа трка ја испливала за 2 минути, 26 секунди и 85 стотинки, додека стариот рекорд бил 2 минути, 28 секунди и 39 стотинки, реализиран од Наташа Мешковска во 1991 година.

Миа Крстевска е родена во 2001 година и моментално е државна рекордерка во 50 метри базен на 200 метри грбно пливање во кадетска, јуниорска и апсолутна конкуренција, но и кадетска рекордерка во двојна пократка трка, 100 метри грбно пливање.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот