„Полицијата за морал“ во Иран минатиот вторник ја приведе 22-годишната Махса Амини, носејќи ја во полициска станица, каде што по три дена почина. По оваа случка избувнаа протести во Иран. Пред два дена беше убиена Хадис Наџафи. Еден ден претходно, нејзината слика на која ја врзува косата и започнува борба против дискриминацијата го обиколи светот.
- Овде станува збор за тоа дали ние во 21 век имаме право на своето тело - вели Нејра Латиќ-Хулусиќ во неодамнешното интервју на телевизија „Н1“ посветено на случувањата во Иран, но и борбата за женските права во 21 век.
Да, Иран е географски далеку, но слични случаи ги мачат и подрачјата во близина.
- Пред некое време беше силувано 11-годишно девојче во Приштина. Бев вџашена од молкот во Босна и Херцеговина. Што ако нешто слично се случи и кај нас? Да ве потсетам дека пред неколку години на Универзитетот во Сараево се водеше дискусија за кодекс на облекување. Да поминеше тоа, се поставува прашањето каде би била нашата слобода. Тоа првенствено го зборувам за жените, кои се мнозинско население во Босна и Херцеговина - вели Маја Гасал.
Но, таа вели дека во Босна и Херцеговина не се загрозени само нејзините женски права. Додава дека и како атеист во БиХ не се чувствува слободна.
- Во Сараево ме гледаат како да мразам некоја вера. И тоа ограничување во оние аспекти во кои не сум дел од мнозинското население треба да се преиспита - вели Гасал.
„Го уништуваме она за што се бореле нашите мајки“
Жените, како мнозинско население во БиХ, се виновни што одлуките се носат во нивно име. Овој став го повторува Латиќ Хулусиќ.
- Тука имате парадигма во која кандидатка за претстојните избори на предизборен митинг се правдаше дека не е феминистка. Општеството е такво што во денешно време ако кажеш дека си феминистка, тоа некако се сфаќа во сосема поинаков контекст. Имаме жени кои им отежнуваат на другите жени - вели Латиќ-Хулусиќ.
- Во Босна и Херцеговина имаме онлајн „полиција за морал“ која ве става на столбот на срамот. Навикната сум на тоа, но многу девојки не се. Постои и друг вид морална полиција, таа што го чува она што ги претставува „граѓанските права“, па не ми дозволува покриена да пливам во Панонските Езера, кои се јавно добро - забележува Латиќ-Хусулиќ.
И двете жени потсетуваат дека во Босна и Херцеговина и понатаму нема правна квалификација за фемицид. Во 2019 година имало 12 убиства на жени извршени од нивните брачни или вонбрачни партнери, а во периодот од 2015 до 2020 година - 56.
Максималната казна е 10 години. Со правна квалификација, максималната казна може да биде 45 години затвор.
Извор:
Lolamagazin.com
Фото:
Twitter