Марија Кири е позната по нејзиното истражување во областа на радиоактивноста. Ова истражување, поточно хартијата на која е напишано, се' уште е радиоактивно, повеќе од еден век подоцна.
Марија Кири со тоа стана и историски идол за младите ученички и студентки со интерес во науката. Тоа е затоа што Кири немала лесен пат до успехот, или воопшто пат.
„Имав само 15 кога го завршив средното образование, секогаш имајќи најдобри резултати во класот“, пишува Кири за тие години.
По средното образование, таа направила пауза од една година, а потоа се вратила во главниот град, но не можела да продолжи со образованието бидејќи на универзитетот во Варшава не студирале жени. Таа продолжила да се образова неформално, најмногу на „Летечкиот универзитет“, кој на крајот на 19-от и на почетокот на 20-от век нудел образование на повеќе локации кои често се менувале.
Мисијата на универзитетот била да ѝ донесе слобода на Полска со зголемување и зајакнување на образовните класи. Марија Кири го опишала своето време поминато на овие часови како почеток на интересот во експериментална научна работа.
Кири добила две дипломи во Париз во 1893 и 1894, а за тие студии платила со помош на својата сестра. Нејзината прва Нобелова награда ја добила во 1903 година.
Летечкиот универзитет постоел до 1905 година, а потоа
повторно започнал со работа во 1970-те и раните 1980-ти години за време на комунизмот во Полска.