Над 75.000 луѓе потпишале петиција со која од еден кинески универзитет се бара извинување за две студентки кои се бакнале на доделувањето на дипломи.
Имено, универзитетот одбил да им додели дипломи откако едната студентка ја запросила другата на доделувањето дипломи. Освен тоа, универзитетот „Гуандонг“ наводно изјавил дека со тоа биле прекршени правилата, пишува Би-Би-Си.
Девојките подоцна ги добиле своите дипломи, но им било кажано својата „хомосексуалност да ја задржат за себе“. Едната студентка изјавила за кинеските медиуми дека е „психички и емоционално повредена“ од постапката која не може да се поништи.
„Најромантичниот ден во мојот живот се претвори во кошмар. Ужасната сум и понижена, но се борам и потребна ми е ваша помош“, напишала на социјалните мрежи студентката.
Универзитетот одбил да ги коментира настаните, меѓутоа, овластени лица од кампусот наводно рекле дека ќе се соочат со казната откако сликите од просењето и бакнежот се прошириле низ светот.
Се пишува и дека универзитетот ги тужи и родителите, барајќи од нив да дојдат по дипломите кои на почетокот не сакале да ги дадат.