X
 18.08.2016 Живот

Родители сами изработиле инвалидска количка за нивната ќерка

детска инвалидска количка

Кога 13 месечната Евелин Мур од Едмонтон, Канада имаше само 4 месеци докторите забележаа како грутка излегува од нејзиниот рбет, состојба што подоцна беше дијагностицирана како четврта етапа на невробластом тумор. Туморот на Евелин го уништи четвртиот граден пршлен, оставајќи и ги парализирани рацете.

Девојчето помина осум рунди на хемотерапија за да го третира туморот, но по дознавањето дека таа е во ремисија, нејзините родители Ким и Бред се соочија со тажни вести. детска инвалидска количка

Господин и госпоѓа Мур сакаа нивната ќерка да има слобода како и секое друго дете, па така тие се одлучија да и изработат инвалидска количка.

„Бев на Pinterest и најдов многу убава инвалидска количка. Ја покажав фотографијата на мојот сопруг и го прашав дали може тој да ја изработи, а потоа отидовме во продажниот салон на компанијата „ Canadian Tire“ и ги зедовме сите материјали“- објаснува госпоѓа Мур.

Количката е изработена од кујнска плоча за сечење, а Bumbo столицата и малите тркала од детски велосипед, го чинеше семејството Мур околу 100 долари. Мајката објаснува дека на Евелин многу и се допаднала количката.

„Таа отиде назад прво, а потоа напред, а потоа разбра како да ја сврти, а сега имаме тркачки потрес во нашата дневна соба, бидејќи таа вози премногу брзо“- изјавила мајката која додадва дека морале да мислат позитивно со нејзиниот сопруг. „Одевме дома и плачевме. Се враќаме дома пак следниот ден и одлучивме да бидеме најсилните мајка и татко, бидејќи немавме друга опција.

Евелин започна да ја користи количката на 7 месеци и оттогаш таа е доста енергична. Таа со количката оди секаде заедно со нејзината мајка, дури и ако тоа значи извршување на регуларни активности како шопинг. Во моментот Евелин учи како да користи ZipZac, произведена верзија од нејзината количка.

Таткото е горд на своето мало девојче и тој сака да и даде до знаење дека може да постигне сé ако го научи нејзиниот ум така да размислува. „Волјата што таа ја има и како таа се приспособува на нејзината ситуација е нешто што јас не го очекував. Ништо не може да ја запре“ -изјави таткото на Евелин.

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот