X
 20.08.2016 Живот

Ова е најдобриот светски атлетичар во светот

Мислите дека сте престари за да спортувате? Размислете подобро повторно. Научниците ги анализираа настапите на најстариот светски рекордер, 104 годишен шампион во возење на велосипед. Ромуалд Леперс од Универзитетот Бургундија, во Дијон, Франција и неговите колеги истражуваат како возраста влијае на атлетските перформанси.

Додека ги анализирале перформансите на некои од најдобрите атлетичари на над 40 годишна возраст, тимот почна да се прашува кој е најдобриот светски спортист на возраст на над 100 години. За да го откријат ова тие ги идентификувале сите најдобри настапи на стогодишници во атлетика, пливање и возење велосипед. Со цел да измерат како способноста опаѓа со возраста, тие потоа ги споредија сите поединечно со актуелниот светски рекордер во оваа дисциплина.

104 години велосипедист

На пример, Усаин Болт го држи рекордот на 100 метра со 9.58 секунди. Доналд Пелман кој се натпреварувал во возрасната група од 100-104 години во 2015 завршил на иста далечина за 26.99 секунди, што е намалување за 64.5 проценти во настапот во споредба со оној на Болт.

Стогодишниот атлетичар кој покажал најмал пад бил Французинот, Роберт Марчанд, кој го држи светскиот рекорд во неговата возрасна група во 1 час трка со велосипед меѓу другите. Возење со велосипед на патека од 26.93 километри во еден час, Марчанд беше само 50.6 проценти побавен од Бредли Вигинс, кој има рекорд на 54.53 километри.

Претходните студии покажаа моќта во атлетските натпревари може да се оддржи од 35-40 годишна возраст. После тоа нашите перформанси се намалуваат за околу 10-15 проценти за годишна деценија- објаснува Леперс.

104 годишен велосипедист

Но кај Марчанд се намалила многу побавно. Леперс вели дека Марчанд имал искулучителна мускулна и кардио-респираторна функција во споредба со други луѓе на негова возраст. Неговата изведба одговара со опаѓање поврзано со возраста на помалку од 8 проценти по деценија односно за повеќе од 60 години.

Тешко е да се квалификува како стогодишен спортист. Иако бил во можност да истрча 100 метри во 23,4 секунди поблиску до рекордот на Болт, отколку на Пелман, 105 годишниот Фаја Синг не беше вклучен во студијата на Леперс, бидејќи тој не можел да извади извод на родени. Неговиот извод не бил официјално издаден во Индија кога тој се родил, кој тој за себе кажува било во 1911 година.

Тимот на Леперс сé уште треба да го открие супер стогодишниот атлетичар, некој на возраст над 110 години. Но ова може да се промени, вели тој. “Со оглед на зголемениот број на стогодишници во светски рамки, тоа е многу веројатно дека бројот на стогодишници атлетски спортисти ќе се зголемува во наредните години“- додава Леперс.

Овие атлетичари не се единствените како извонредни биолошки примери, но исто така добри примери за другите кои доаѓаат вели Леперс. Земете го на пример Канаѓанецот, Ед Витлок. Витлок беше првата личност над 70 години што трчаше маратон за помалку од 3 часа. Тој започнал со трчање на 40 годишна возраст. Никогаш не е предоцна да се стане активен- советува Леперс.  
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот