X
 31.08.2016 Наука

Конечно решена мистеријата поврзана со Атлантида?

Еден италијански новинар смета дека ја решил мистеријата за Атлантида, митскиот остров кој прв пат бил споменат од грчкиот филозоф Платон во 4-от век п.н.е.

 

атлантида


Серџо Фрау, писател на „Столбовите на Херкул“, вели дека трагата која води до решението е локацијата на тие столбови, кои за прв пат биле опишани во антички времиња, а кои се поврзуваат со Гибралтарската Теснина.

Фрау верува дека столбовите на Херкул се сместени во сицилијанскиот теснец, а не кај Гибралтарот.

„Платон зборува за островот на Атлас, таму каде се појавила грчката цивилизација. Атлас имал брат Прометеј, кој живеел врзан за карпа на Кавказ. Такашто, постоел еден брат кој живеел во планините каде сонцето излегува и еден кој живеел во средината на морето, каде сонцето заоѓа“, објаснува Фрау.

„Според дијалозите на Платон, првото нешто што го гледаме во сицилијанскиот теснец е Сардинија. Платон вели дека првото нешто од другата страна на столбовите е огромен остров, од кој можете да дојдете до другите острови“.

Платон го напишал дијалогот „Тимеј“ околу 360-та година п.н.е во кој пишува за „моќната сила која се појави од Атлантскиот Океан од островот кој се наоѓа пред предниот дел на теснецот наречен Столбовите на Херкул“.

Островот бил „поголем од Либија и Азија заедно“, напишал филозофот.

Фрау вели дека тој користел дронови за да ја истражува Сардинија и открил докази кои се совпаѓаат со описот на Платон.

„Започнав да ја проучувам Сардинија на друг начин и забележав дека на брегот можеби некогаш дошло цунами, имаше „Nuraghe“ (антички споменици карактеристични за Сардинија), кои беа закопани. Еторе Трончи и јас работевме на ова истражување три години. Трончи пронајде стотици закопани „Nuraghe“ во провинцијата Медио Кампидано и за прв пат ја открил оваа катастрофа“, вели Фрау.

Истражувачот вели дека неговата теорија го привлече вниманието на УНЕСКО и италијанската академија за науките. Тој ги повикал истражувачите да обрнат внимание на Сардинија и властите на  островот подобро да се грижат за неговото наследство.

Фрау е само еден од истражувачите вклучени во откривањето на вистинската локација на Атлантида. Според мислењето на германскиот истражувач Мајкл Хебнер, островот кој го опишал Платон се наоѓал во денешно Мароко, јужно од Казабланка. Други веруваат дека Платон го опишувал Санторини, каде еруптирал вулкан и ја уништил минјоската цивилизација околу 1.500 година п.н.е.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука