X
 02.09.2016 Култура

Тајланд ја доби највисоката дитигална зграда

Се чини дека сé се дигитализира овие денови. Новата зграда во Тајланд, “MahaNakhon“ е највисокиот објект во земјата, што е дополнување на околниот пејсаж, стоејќи на 314 метри (1030) стапки или 77 ката.

 

Облакодерот во Банкок беше пуштен во употреба минатата недела со огромна церемонија со големо осветлување на ноќното небо.

 

 

најголемиот објект се изгради во Тајланд 

 

Со дизајн исечоците во фасадата, зградата изгледа како графички документ кој не е целосно превземен.  Внатре зградата располага со луксузни бутици, 209 луксузни резиденции и познатиот хотел “Ritz-Carlton“ Најголемиот “Dean & DeLuca“ супермаркет е лоциран во “MahaNakhon“, како и водечкиот тајландски ресторан воден од Masaharu Morimoto, што е исто толку познат и како јапонскиот "Iron Chef" како и истоименото кулинарско шоу.

Но додека зградата го прославува своето отворање, нејзиниот германски архитект е под надзор од страна на Владата. Властите наводно испитуваат дали “MahaNakhon“ ги крши тајландските закони за работни односи, кои ја задржуваат архитектурата и градежништвото помеѓу група на професии само за тајландските државјани.

Облакодерот беше дизајниран од страна на Оле Шерен, кој потенцијално го крши законот од 1999 година што ги ограничува странците да влегуваат во комерцијални активности. Подоцна во 2008 година е донесен акт кој  контролира каква работа  имигрантите може да извршуваат во Тајланд.  

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура