X
 07.09.2016 Наука

Со ласер од човечка крв научниците ќе откриваат тумори

Научниците развија ласер од крв, со користење на човечка крв и флуоресцентна боја наречена “indocyanine green“ (ICG), што може да им помогне на докторите да бараат тумори во телото.

Па како работи овој ласер од крв? За да се направи ласер се што ви е потребно е извор на светлина, засилувачки материјали и рефлективна шуплина. Истражувачите од Универзитетот Мичиген користеа FDA одобрени бои наречени “ICG“и ги измешаја со крв за да ја играат улогата на засилувач.

“Без крвта, само со “ICG“ не работи воопшто. Штом еднаш имате шуплина, материјали за засилување и извор на светлина, вашиот ласер функционира одлично“-Худонг Фан, рече еден од истражувачите за “New Scientist“.


ласер од човечка крв


Кога Фан и неговиот тим ја ставија крвта во “ICG“ бојата во рефлектен цилиндар и ја исполниле со инфрацрвени зраци, крвта емитирала светлина, создавајќи потенцијална нова техника која докторите би можеле  да ја користат за наоѓање на  тумори.



Техниката едноставно вклучува инјектирање на “ICG“ во пациентот, и со блескаво зрачење на кожата, додека инфраред камерата го проверува зрачењето. Ласерот од крв треба сѐ уште да се тестира на живи животински ткива, бидејќи научниците мора да откријат што ќе ја игра улогата на карактеристична шуплина. Но Фан вели дека златните наночестички може да бидат корисни за тоа.

“На крај ние сакаме да постигнеме да го направиме тоа во човечкото тело, но мора да дознаеме како да се осигураме дека светлината произведена од ласерот од крв не е премногу силна. Ние не сакаме да го запалиме ткивото“-објаснил Фан.

Крвта не е единствениот чуден материјал што бил користен за да се направи ласер, назад во 2011 година, друг тим на научници искористија живи бубрежни клетки како засилувачи за светлина, а во 1970 година два научници направија ласер користејќи желе.

Доколку сите овие техники ни помогнат да се лоцира и да се дијагностицира ракот поефикасно, тогаш сите навиваме тоа да се случи. Тимот го објави својот труд за нивниот напредок во “Optical Society of America Technical Digest“. 
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука