Севернокорејскиот лидер
Ким Јонг Ун забрани употреба на сарказам не само во јавните гласила, туку и во секојдневниот разговор.
Сатира насочена кон режимот, па дури и индиректна или критика во завиткана форма за водството на државата, ќе бидат строго санкционирани, предупредија властите. За таа цел, се организираат масовни состаноци со цел оваа порака да стигне до сите општествени нивоа.
Еден високорангиран разузнавач ги предупреди граѓаните “да ги држат устите затворени”.
Се забранува и досега популарната изрека: “За сè е виновна Америка”, бидејќи е проценето дека оваа фраза може да се протолкува како критика кон кого било, па дури и кон Ким Јонг Уновиот режим доколку се изговори иронично.
Некои портали наведуваат дека се појавиле определени изрази на незадоволство кај дел од јавноста кои се изразуваат преку графити каде се подбиваат со државните слогани, дури се забележани и написи кои го напаѓаат лично Ким Јонг Ун.