X
 10.09.2016 Култура

Моќта на читањето - литературата помага на менталното здравје

Книгите се најтивките и најпостојаните пријатели, тие се најдостапните и најмудрите советувачи, и најтрпеливите учители - Чарлс Вилијам Елиот



Приказните, поемите, расказите, било каква форма на литературна творба може да ни помогне да го надминеме физичкиот свет околу нас. Со читање на само неколку реченици, ние се селиме низ времето, во далечното минато, во други земји и светови. Поетите не шетаат низ непознати патишта и не запознаваат со фиктивни ликови кои ние ги оживуваме во мислите и сочувствуваме со нив. Секојпат кога ја спуштаме книгата, сфаќаме дека нешто сме научиле. Читањето, всушност може многу да ни помогне во надминувањето на нашите емоционални проблеми, па дури и во справувањето со менталните болести и психички нарушувања.

Англискиот интелектуалец, комичар, актер Стивен Фрај, пати од биполарно нарушување и манична депресија. Вели дека утеха и разбирање нашол во читањето новели и поезија. Преку литературата успеал да се пронајде и подобро да се разбере себеси, а пишувањето пак, му помогнало да се изрази и да се ослободи од негативната енергија, на многу креативен начин. 



Терапијата преку литература, односно библиотерапијата датира уште од 19 век и била раширена од таткото на модената психологија, Зигмунд Фројд. Тој на воените ветерани како терапија им препорачувал книги за елаксација и подобрување на психичката состојба. Неговиот метод бил толку успешен, што станал рутинска терапија за војниците кои се враќаат од воено поле. 



Во 21 век, библиотерапијата се користи во големи размери и тоа најмногу благодарение на Сузан Елдеркин и Ела Бертхоуд кои ја создале Животна школа - глобална мрежа за библиотерапија. Идејата произлегла откако тие со години си разменувале книги во зависност од проблемите кои ги имале во зададен момент. 



Според стражувањата кога читаме, често ги доживуваме емоциите кои ги чувствува ликот од книгата. Што значи, ематијата која ја чувствуваме за ликовите од книгите, не подготвува за слични такви искуства и во реалниот живот. Исто така, неколкучасовното бегство од реалноста додека читаме книга, многу позитивно влијае на намалување на стресот. Се трансформираме во поотворени личности, кои полесно ја наоѓаат смислата на работите, па и на сопствените животи. Кога сочувствуваме со некој лик и сго поврзуваме со нашите лични искуства, добиваме чувство дека некој не разбира и не сме сами. Чувството кога ќе наидете на мисла, збор и идеја која сте мислеле дека е само ваша, а сега ја осознавате и во пишана форма од друга личност, е еден од најдобрите моменти и предности на читањето. 

Подготвил: М.П.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура