X
 11.09.2024 Живот

Кога тетката го има последниот збор: Бизарни племенски предбрачни обичаи во Уганда

Племето Банјанколе, кое припаѓа на поголема група на народите Банту кои мигрирале од Централна и Западна Африка во регионот на Големите Езера во Источна Африка пред повеќе од еден милениум, сè уште одржува необични брачни обичаи. За нив бракот не е само чин на љубов, туку сериозна општествена обврска која ги вклучува семејството и заедницата во целина.

Еден од најшокантните обичаи, познат како „тестирање на потенцијата на мажот“, подразбира дека тетката на невестата, пред да се официјализира бракот, има интимна врска со идниот сопруг. Овој бизарен чин служи како тест за неговата „подготвеност“ и способност на невестата да ѝ донесе потомство. Тетката на невестата внимателно ја проценува сексуалната издржливост и вештините на нејзиниот сопруг, а потоа нејзините „откритија“ ги споделува со постарите членови на семејството

pleme
Фото: Instagram

За време на овој чин, тетката ги бележи сите важни детали: од техниките што ги користи мажот до неговите омилени пози. По завршувањето на „тестот“, таа ја известува невестата како „функционира“ нејзиниот иден сопруг во кревет и ѝ дава совети за брачниот живот. Дури откако тетката ќе го даде својот благослов, младенците можат да ја официјализираат својата заедница.

Овој обичај е дел од поширокиот опсег на ритуали на племето Банјанколе, каде што семејството на невестата игра клучна улога во изборот и проверката на младоженецот. По „проверката“, следува „Кухингира“ или церемонија на дарување, каде што семејството на невестата го дарува младоженецот со подароци, како крави и други вредни стоки.

Покрај тоа, постои обичај на „гоење“ на девојките. Девојките уште на осум или девет години поминуваат низ процесот на дебелеење за да станат попривлечни за идните сопрузи. Во културата на Банјанколе дебелината се смета за знак на убавина, додека да се биде слаб не е пожелна карактеристика.

Иако овие обичаи се архаични и неприфатливи во современиот свет, тие се длабоко вкоренети во традициите на овој народ.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот