X
 18.11.2022 Живот

Јапонска месарница има 30-годишна листа на чекање за своите говедски крокети

Доколку порачате кутија замрзнати крокети од говедско месо кобе од месарницата „Асахија“ во Такасаго, Јапонија, ќе треба да чекате 30 години за да ја добиете нарачката.

Месарницата била основана во 1926 година, а продавала месо со децении пред да почне да ги нуди говедските крокети во годините по Втората светска војна. Во почетокот на 21 век овие крокети станале интернет-сензација.

Таканаречените „екстремни крокети“ се само еден од четирите вида крокети со говедско месо кобе кои ги прави месарницата, но има годишни листи на чекање и за другите крокети, иако не толку долги како 30-годишната за „екстремните крокети“.

Шигеру Нита, сопственик на месарницата, објаснил за Си-ен-ен дека месарницата почнала да продава производи преку интернет во 1999 година, а екстремните крокети биле понудени како проба.



Нита забележал дека луѓето не сакаат да даваат многу пари за квалитетно месо додека купуваат онлајн, па затоа месарницата почнала да ги продава познатите крокети за околу 1,8 долари за парче, иако само месото во нив чини повеќе од тоа. Тие ги нуделе крокетите за ниска цена во надеж дека потрошувачите ќе купат повеќе месо доколку им се допаднат крокетите.

За да ги намали загубите, месарницата произведувала само 200 крокети неделно, а наскоро месарницата им го привлекла вниманието на жителите и медиумите. Популарноста на крокетите скокнала по објавена репортажа во медиумите.

Месарницата престанала да ги продава крокетите во 2016 година поради долгата листа на чекање, но ги нуди повторно од 2017 година, иако за повисока цена. Тогаш цената била крената на 3,4-3,7 долари за парче, а почнале да се произведуваат по 200 крокети дневно.

Според Нита, околу половина од луѓето што ги пробале крокетите потоа порачуваат и говедско месо кобе.

Извор: CNN
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот