X
 16.09.2016 Здравје

Иритирачки навики за поздрав живот

„Седи мирен... Не мрдај со нозете...“ - научниците велат дека ваквите заповеди фино е да се игнорираат. Заради наше здравје.

Жена во кломпи и маж во чевли

Нервозно тресење со ногата, цупкање, мрдање со стапалата и други движења на телото што обично ги нервираат луѓето околу вас се всушност добри за здравјето на човек, тврдат научниците. Посебно ако се има предвид седечкиот начин на живот.

Здравствените последици од мускулна немобилност се добро документирани и вклучуваат зголемен ризик од гојазност, дијабетес  и слично. Но, најнепосредно влијание прекумерното седење има врз крвните садови. Истражувања покажуваат дека непрекинато седење предизвикува нагло и значително намалување на протокот на крв во нозете.

Во студија објавена во The American Journal of Physiology Heart and Circulatory Physiology, докторите објаснуваат дека ситни движења со долниот дел од телото може да резултираат со мускулна активност доволна да го зголеми протокот на крв во нозете.

Тоа го потврдиле и со експеримент меѓу здрави лица, користејќи ултразвук и манжетна за крвен притисок, мерејќи го протокот на крв низ една од главните артерии во нозете и утврдувајќи како артеријата одговара на промените на крвниот притисок. Испитаниците едната нога ја држеле мирно, а со другата правеле мали движења. Протокот на крв во неподвижната нога нагло опаднал.

„Да бидеме искрени, бевме изненадени од степенот на разликата меѓу двете нозе. Мускулните контракции поврзани со ситни движења се навистина мали, но се чини дека тие се доволни за сузбивање на некои од нездравите последици на седењето,“ истакнале научниците.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје