X
 20.09.2016 Култура

Погледнете што човек со церебрална парализа може да креира

Во еден старечки дом, вработените, лицата што престојуваат таму, како и посетителите често се мамени од звукот на машината за пишување, кој доаѓа од собата на Пол Смит. Она што е интересно во оваа приказна е тоа што Пол не е писател. Тој ја користи својата машина за пишување за да создава сосема поинаков вид на уметност, не литературна, туку визуелна.

Тешко е да се замисли дека овие неверојатни дела или поточно кажано цртежи со многу детали, му носат радост на уметникот, на кој му недостигаат голем дел од моторните способности. Ова е уште еден доказ дека талентот секогаш го пронаоѓа својот пат.

машина за пишување


Смит цел свој живот страдал од церебрална парализа. Навистина е неверојатно како тој открил дека старата машина за пишување може да му пружи чувство на контрола, така што копчињата ги користи како четки за боја.

Ако не верувате, уверете се сами со свои очи, така што ќе го погледнете видеото.


SaveSaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура