Уште една слика на Бенкси е на аукција и се очекува да биде продадена за голема сума. „Сотби Лондон“ најави дека делото на Бенкси од 2005 година наречено „Покажи ми го Моне“ ќе биде дел од вечерна аукција за современа уметност на 21 октомври 2020 година. Проценето е дека сликата ќе достигне цена од 3 до 5 милиони фунти. Станува збор за слика што претставува почит кон „Водните лилјани“ на Клод Моне што ја нацртал во 1899 година.
Уметничкото дело првично било создадено како дел од серијата на Бенкси за неговата галерија од „повторно мешани ремек-дела, вандализам и штетници“ што траела повеќе од една недела во мала продавница во Лондон, во 2005 година. Таму биле претставени 22 дела од најголемите уметници, но интерпретирани од Бенкси, вклучувајќи го и делото „Сончогледите“ на Ван Гог.
„Покажи ми го Моне“ ја претставува идиличната слика на Моне со водни лијани, но со неколку натрапници. Колички за шопинг и портокалов сообраќаен конус што плови на вода го изнесуваат на виделина дистопискиот поглед на Бенкси кон општеството.
- На една од неговите најважни слики Бенкси го искористи иконскиот приказ на Моне на јапонски мост во позната градина и го претвори во модерно место. Секогаш како глас на протест и социјално несогласување, Бенкси фрла светлина на непочитувањето на животната средина од страна на општеството во корист на расипничките ексцеси на консумеризмот - вели Алекс Бранчик, шеф на „Сотби“.
Минатиот октомври сликата „Деволвиран парламент“ на
Бенкси излезе на претпродажба во „Сотби“ со процена пред аукцијата од околу 2,46 милиона долари. На крајот, сликата била продадена за рекордни 12,1 милиони долари, надминувајќи го претходниот рекорд на аукцијата на Бенкси за над 1 милион долари. Очите на уметничкиот свет сигурно ќе бидат насочени кон тоа дали тој може да го повтори овој успех.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: Instagram