X
 20.09.2016 Образование

Учење за феминизам преку турбо-фолк културата

Учениците ретко имаат можност на час по мајчин јазик и книжевност да слушнат нешто за феминизам, а уште поретко за турбо-фолк културата. Текстовите на популарната Цеца сепак може да се искористат за да илустрира феминизмот како актуелна тема.

цеца


Со овој креативен методичен пристап може да се разговара за него со помош на турбо-фолк културата, како поблиска до младите. Овој метод е и предизвик за храбрите наставници за часовите каде феминизмот е централна расправа.

Во воведниот дел наставникот разговара со учениците за познати турбо-фолк пејачи и генерално за таа култура, односно како децата гледаат на неа. Потоа потребно е децата да набројат имиња на феминистки. Веројатно е дека нема многу да зборуваат за ова прашање, а и самиот термин на многумина може да не им биде јасен. Овде наставникот би можел да го дефинира терминот и вредностите за кои се залага, а потоа и за ставовите на учениците по ова прашање. За крај најавете дека темата ќе ја илустрирате со текстови на Цеца.

Во главниот дел користете ситуации што се опишани во нејзини текстови. Секоја драмска сцена треба да илустрира патријархален однос меѓу маж и жена, по што феминистичката дискусија треба да истиот да го разобличи. Децата најпрвин го читаат текстот, а потоа што поавтентично го глумат пред соучениците.

Пример 1: Патријархална врска меѓу девојка и момче.


Двајцата седат во автомобил еден покрај друг. Девојката се обидува да се навали на рамото на момакот. Тој се повлекува и е ладен и воздржан, а девојката е со насолзени очи.

Девојката: Кога би бил ранет крв би ти дала, двете свои очи кога би бил слеп...
Момчето: Залудно е, без душа сум убав.
Девојката застанува и го гледа младичот тажно. Посакува да го гали, но тој се повлекува.
Девојката: додека би бил со неа негде вечерва да ја галиш, јас пак би била тепих по кој ти газиш.
Момчето се смее и ја игнорира девојката.
Девојката: Јас сум вечерва една за која вечерва не си тука, затоа сакам да се вратам на старото добро зло, да ме мачиш и малтретираш како роб, да ме скршиш и да ми ги потопиш последните бродови.
Момчето молчи, а девојката продолжува по кратка пауза.
Девојката: Јас те сакам и кога тоа ми штети, затоа што тоа чувство му годи на моето срце, дури и кога со друга се шеташ по светот, јас те сакам и на своја штета.
Момакот се врти ја гледа девојката и се смее во лице и излегува од автомобилот.

По изведбата дискутирајте на следните прашања:

Каква е девојката, а какво е момчето во ситуацијата?
Како девојката сака да добие внимание од младичот?
Какви се тие момци без душа, а убави?
Зошто девојката се согласува да биде тепих по кој тој би газел?
Зошто воопшто жените се враќаат на старото добро зло – мажите да мачат, малтретираат и да им ги потонуваат сите бродови?

Пример 2: Отстапување од шаблонот на патријархално однесување

Една ученичка го чита на глас текстот на нејзината песна Грешка.
Не сум како другите деца, јас сум падната од месечината, цел свет се грижи за мене, баби, вујни, тетки, стрини, сите сакаат да бидам дама, а јас одам на раце... Мама ми се смее тажно, тато вели дека тоа е грешка, требало да бидам машко, за таткото да се фали со синот... Гледано од нејзина страна, јас се правам наопаку, сакам диско, не сакам училиште, пијам само Кока Кола, скам кломпи, мразам штикли, не се симнувам од велосипедот... ми пречат сите во куќата, станаа невозмоѓни, вежбам џудо и карате и затоа не ме допирајте.

Дискутирајте ги следните прашања:

Каква е девојката во овој текст?
Какво е дамското однесување и што е дама?
Зошто таткото сака да се фали со синот?
Што во оваа песна е грешка?
Како се гледа девојката, а како ја гледаат родителите?

Пример 3: Кршење на патријархалната слика за жените

Една ученичка го чита текстот пред другите како зборува на отсутно момче.
Знам дека сум била една од многу што тебе ти дале сé, но само јас сум имала сила да ти кажам не. Јас дека сум била една од многу што за тебе правеле сé, но само јас реков дека те оставам. Знам дека сум една од многу што не ти биле неверни, но само јас имам сила со тебе да завршам. Иако си Баба Рога и заводник на женскиот род, и јас заведувам машки срца кршливи, а тебе Баба Рого ќе те средам наскоро.

Одговорете на следните прашања:

Зошто мажите се тие што изневеруваат, оставаат и некако ги лажат жените?
Каква е жената во овој текст?
Постои ли друга позиција за жена денес освен да е таа жртва?
Зошто последните два текста се помалку познати од првиот?

Претставувањето на жената во песните на Цеца Ражнатовиќ се темели на нејзината реална положба во патријархалното балканско општество: подредена, жртва, зависна од мажот и несреќна. Овие текстови илустрираат нереализирани женски желби и машка негрижа, позицијата на емотивната жртва не е важна, а мажите се поставени на пиедестал додека жените им се покорни до крај. Ова е несекојдневен метод, но со оглед на популарноста на турбо-фолкот, на ваков начин би можело да се разобличи што всушност пропагираат текстовите на тие песни.

Пишува: Анес Осмиќ / 6yka
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование