Шведска го прави феминизмот дел од задолжителното читање за шведските тинејџери. Нова кампања сака да стави копија од „Сите треба да сме феминисти“ на Чимаманда Нгози Адичие во рацете на секој 16-годишник во земјата.
Книгата е адаптација на популарниот ТЕД-говор од Адичие. Целта на кампањата е учениците да научат повеќе за половата еднаквост. Книгата стана позната во светот откако беше промовирана од американската пејачка Бијонсе. Делото е совршено за тинејџерите бидејќи јазикот во него е директен и едноставен.
„Феминист сум бидејќи сакам да живеам во свет кадешто на жената никогаш не ѝ се кажува дека може или не може или треба или не треба да направи нешто бидејќи е жена. Сакам да живеам во свет кадешто мажите и жените се посреќни. Кадешто не се ограничени од половите улоги. Сакам да живеам во свет кадешто мажите и жените навистина се еднакви. Затоа сум феминист.“ - Чимаманда Нгози Адичие.