Марк Цукерберг во април годинава најави дека сака да помогне во лекување на сите болести до крај на овој век. Во негово обраќање на 22 септември, најави сума од 3 милијарди долари за таа цел.
Во ова тој е поддржан од сопругата Присцила Чан, а иницијативата ќе се нарекува „Чан Џукерберг наука“ (
Chan Zuckerberg Science). Целта на основачот на Фејсбук е лечење, превенција и справување со сите болести во текот на животот на нашите деца. Неговата сопруга потенцира:
„Сакаме значително да го подобриме сечиј живот во генерациите на Макс, нашата ќерка, и сакаме да бидеме сигурни дека нема да пропуштиме ниедна душа.“
Оваа иницијатива според најавите на Цукерберг ќе ги соедини научниците и инженерите, ќе се стреми кон креирање алатки за да се „овластат“ луѓе во цел свет и ќе се промовира движење за да се финансира науката на глобално ниво. Најавениот буџет за оваа цел се планира да се распореди во следната деценија.
Biohub е првиот голем проект во вредност од 600 милиони долари. Во овој нов истражувачки центар ќе биде лоциран во Сан Франциско, а научниците што ќе работат таму ќе се фокусираат на 2 главни проекта: Cell Atlas ќе ги испитува клетките што ги сочинуваат главните органи, а иницијативата за инфективни болести ќе се фокусира на тертирање на вируси како ХИВ или Зика.
За иницијативата Цукерберг нагласува дека целта е единствено борбата против болестите.
„Можеме ли да ги лечиме, превенираме или да се справиме со сите болести во животниот тек на нашите деца?“ Прашува тој. „Ова е голема цел,“ продолжува со одговор прашањето. Иницијативата ќе биде предводена од невробиологот Кори Баргман, кој во проектот ќе биде носител на позицијата „Претседател на наука“.