X
 05.01.2015 Здравје

Фатални историски болести кои се враќаат повторно

Живееме во модерен свет полн напредна медицинска технологија. Затоа, оправдано повеќе се плашиме од други закани отколку од голем дел од болестите. Можеби ќе се изненадите од броевите кои биле „исчистени“ од овие болести.


Голема кашлица или Пертусис

Ова е една од најсмртоносните болести во историјата. Се сметало дека била речиси отстранета во развиениот свет пред одреден период, но поради невакцинација на деца од своите родители, болеста се вратила во САД, Европа и Австралија.

Грип

Грипот е сезонска болест која секогаш се појавува за да ви ја уништи есента или симата. Покрај напредувањата во медицинската технологија и предвидувањата, грипот убива приближно 36.000 луѓе секоја година.

Бубонска чума

Бубонската чума повторно е назад. Африканската земја Мадагаскар се труди да го спречи ширењето на чумата, но напредокот е мал. Досега од болеста починале 47 луѓе.



Детска парализа

Детската парализа била елиминирана благодарејќи на вакцините за време на одреден период. Меѓутоа, во последната деценија, земјите Авганистан, Нигерија, Индија и Пакистан забележуваат зголемен број случаи на детска парализа.

Туберкулоза

Оваа стара болест е речиси смртоносна. Денес не се грижиме многу за неа, но треба да знаете дека постои вид туберкулоза кој е отпорен на лекови, барем на оние кои ги имаме.

Сифилис

Некои велат дека оваа болест е стара колку и светот. Тоа е најраширената сексуално пренослива болест во историјата. Едукативните кампањи и третманите го намалиле бројот на заразени лица, сè до пред неколку години. Броевите повторно растат во последниот период. Причината за тоа? Слаба вакцинација.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје