X
 27.09.2016 Живот

Работи што не треба да се изнесуваат во јавност

Вјачеслав Рузов е истражувач на источната култура и во свое писмено излагање зборува за индиските мудреци и за она што тие сметаат дека треба да се чува за себе и да не се шири во јавноста.

клуч


Тој вели дека во овој свет потребна е избалансироност и поради тоа одредени нешта е подобро да ги држиме во тајност. Не треба пред време да се разгласуваат некои тајни. Постои време за потполна отвореност, но и време кога треба да чуваме нешта во тајност. Културниот човек, според Вјачеслав, знае како да се однесува и во двете ситуации и тоа е еден од аспектите на културното однесување.

Што треба да се чува во тајност?

Долгорочни планови – за нив е добро да молчите додека не се остварат. Нашите идеи не се идеални и имаат многу слабости, поради кои нештата може да се срушат за миг.

Доброволни дела – тие се реткост и затоа треба да се чуваат како зениците во очите. Не се воздигнувајте себе поради добрите дела, правете ги затоа што навистина сакате да ги правите, а не за да добивате признание.

Личните ограничувања – во јавност не се зборува за личните ограничувања за исхрана, спиење, сексуални односи итн. Физичките ограничувања може да имаат позитивен ефект само ако се во согласност со емоционалните компоненти.

Сопствената храброст
– да се биде храбар во некоја ситуација е големо дело, но таа ситуација е испит за личноста, искушенијата, внатрешни или надворешни, се доживуваат за да извлечеме лекција и за нив не се добива награда. Сите имаат лични борби и фалбите за нив само ќе потрошат дополнителна енергија. Тие се дел од интимата на една личност.

Духовниот развој
– духовниот развој на еден човек е личен и никој друг не треба да се посветува на него. На другите треба да им се открие само ако е навистина неопходно, не само на личноста, туку и на опкружувањето.

Семејниот живот – семејните настани и проблеми треба да останат во семејството. Што помалку зборувате за тие проблеми, толку повеќе семејството ќе биде стабилно и силно. Што повеќе ќе зборувате за проблемите толку повеќе ќе верувате во нив.

Озборувања за други – неубавите зборови што сте ги слушнале за другите не треба да ги пренесувате на други. На улица може да си ги извалкате чевлите, но и умот. Според источните мудреци, човекот што зборува за она што го слушнал по патот, не ги соблекол валканите чевли.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот