X
 03.10.2016 Наука

Научно докажани начини за зголемување на моќта на мозокот

Еден од највредните органи во човечкото тело е сместен во черепот и се состои од билиони неврони. Мозокот е круцијален предводник на вашиот секојдневен живот.


Мозокот е потребен за извршување и на едноставните и на покомплексните задачи. Но, многу малку се знае за целиот капацитет на овој орган. И по многу години истражување мозкот се уште претставува мистерија.

Во 90-те, научниците откриле силна корелација помеѓу
вежбите и мозочната сила.

 

 

 


Минатиот фебруари, The Journal of Physiology објави студија која се базира на оние откритија кои докажуваат дека не сите вежби се погодни за зајакнување на мозокот, односно постојат неколку одредени вежби кои е докажано дека влијаат на подобрување на мозочната активност. Според истражувањата, различни форми на вежби предизвикуваат создавање на различни нивоа на неврогенеза (раст и развој на ткивото) на мозокот.

На пример трчањето, е есенцијално за правилно развивање на мозокот, бидејќи на тој начин се создаваат нови клетки во мозокот. А се зголемува и нивото на резерви на неврони во хипокампусот, делот во мозокот задолжен за меморија и учење.

Еве неколку совети како да развиете навика за трчање и да го применувате почесто :


1. Фитнес тракери


Сите кои користат iPhone можат да си ја симнат и активираат апликацијата
Health app, која го следи вашето движење и ја регистрира далечината, односно поминатите километри.Постојано ќе си водите евиденција за тоа колку се движите и ќе си ги организирате фитнес активностите. Повеќе забава и повеќе ефекти.

2. Заедница

Алатки како
Strava овозможуваат да се натпреварувате со пријатели и комплетни странци. Нудат и рути за трчање како предлози, што многу може да ви помогне ако сте надвор од вашиот град. 

3. Облека

Hoka One One развива интересни чевли специјално дизајнирани за долги патеки. Брендот е одличен за сите оние кои сакаат да се посветат на трчањето и да го применуваат на секојдневна база.

Исто така, едни од најдобрите брендови се и Oiselle и Sculptek, а особено нудат производи за жени. Овие чевли се одлични и за нивната намена – ефективна вежба, но и убаво изгледаат, нешто што компаниите од минатото не го постигнуваа.

4. Инспирација

Социјалните медиуми се одлично место за се изнпирирате од страна на експертите за трчање.  Тука се вбројуваат
Kara Goucher, Bart Yasso, Josh Cox, Dean Karzanes и Lauren Fleshman.

Нивното страсно зборување за спортот може позитивно да влијае и на вашата желба за воведување здрави навики и постигнување на посакуваниот ефект. 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука