Во минатото правото на глас не било единственото нешто што на
жените им било забрането. Во последните децении направен е голем напредок, но пред тоа нештата биле многу поинаки.
Правото на глас најпрво се усвоило во Нов Зеланд во 1893 година, но во Шведска во периодот од 1718 до 1771 постоело условно право на глас за жените што се членови на еснафот и плаќаат данок, пишува Хафингтон пост. Во Југославија правото на глас е овозможено во 1945 година, а во многу земји тоа било условувано и од сталежот и расата. Така, во 1920 година во САД право на глас добиле белите жени, а афроамериканките морале да чекаат до 60-тите години на минатиот век.
Еве уште неколку работи што во минатото биле забранети, а денес се сосема нормални:
Користење на пилули за контрацепција: контрацепцијата била табу тема во поголемиот дел од 20-тиот век, а на паровите им било забрането да прават нешта што би го нарушиле природниот процес. Во Америка контрацептивните пилули се легализирале во 60тите години на минатиот век.
Ограничувања во изборот на костим за капење: на почетокот на 20тите години било забрането да се носат костими што откриваат премногу кожа, а некаде ова било контролирано и со патронажа на полицијата.
Родови разлики во платите за иста работа: мажите биле повеќе платени за работи што ги извршувале и жените.Во 1970 година американскиот Врховен суд одлучил фирмите да ги плаќаат еднакви и мажите и жените, а да не се измислуваат позиции за жени само за да бидат платени помалку.
Забрана за работа за време на бременоста: до 60тите години на минатиот век работодавачите немале обврска да ја задржат жената на работа и по породилното отсуство.
Забрана за користење на кредитна картичка: во почетокот на 70тите години жените морале да дојдат со својот маж за да им се извади кредитна картичка за да гарантира за нив.
Жените не смееле да пушат во јавност: пушењето била машка активност, а за жените се сметало дека е непримерно да пушат на јавни места, улици, барови, хотели и ресторани.
Жените не можеле да тужат за сексуално вознемирување: дури во 1986 година со одлука на Врховниот суд донесен е закон според кој сексуалното вознемирување на работното место и половата дискриминација се казниви. За споредба, во Србија овој закон бил донесен во 2010 година.