X
 10.07.2019 Здравје

Сакате ли да дремнете по ручекот? Еве колку би требало да трае тој одмор

Сите знаат колку е важен добриот сон. И тоа не само оној во текот на ноќта, туку и оној попладневниот, тврди Рафаел Пелајо, професор во Центарот за науки за сон и медицина при „Стенфорд“.

- Попладневното дремење секогаш го споредувам со грицките. Ако некој од некои причини не успее доволно да се најаде во текот на денот, често посегнува по ужина, и тоа е сосема во ред. Но, од друга страна, ако толку грицкате преку ден што не можете да вечерате, тогаш тоа и не е баш добро. Со дремењето е исто. Ако поради некоја причина не сте спиеле добро или ако работата ви е таква што не можете да си дозволите добар сон, тогаш е добро да се отспие во попладневните часови. Но, ако можете да спиете во текот на ноќта, а не го правите тоа, дремењето би можело да му наштети на вашиот ритам на спиење - објаснува Пелајо.

Тој го нарече дремењето луксуз на кој му се препуштаме во текот на викендот, годишните одмори и кога и да можеме.

- Нема ништо лошо во тоа, освен ако не ни го нарушува севкупниот циклус на спиење. Луѓето што отспиваат три до четири часа всушност не дремат, тоа се смета за вистинско спиење. Дремењето би требало да трае од 20 до 40 минути - вели лекарот.

Тој додава дека ако спиењето трае подолго од 40 минути, а особено повеќе од еден и пол час, би можела да ви се случи инерција на сонот, времето кое е потребно мозокот да ги активира подрачјата што нè држат будни може да трае еден час, па дури и четири часа. Тоа знае да биде прилично незгодно.

- Доволно сон во текот на ноќта во комбинација со кратко дремење во текот на денот всушност е најдобрата можна комбинација - вели Пелајо.

Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје