X
 08.02.2016 Здравје

Како правилно да подготвите брокула?

Брокулата се смета за еден од најздравите зеленчуци, но само доколку се подготви на правилен начин. Најчестиот начин на подготовка - варењето - ги уништува здравите витамини, како Це и Бе од сите зеленчуци, па и од брокулата. Но, има многу повеќе во приказната која научниците тукушто започнале да ја откриваат.


Се чини дека нуртициската штета од варењето оди подлабоко отколку само уништувањето на витамините. Овој начин на подготовка го спечува телото да апсорбира состојки наречени глукосинолати, што може да игра улога во намалувањето на ризикот за добивање рак на белите дробови и дебелото црево, покажуваат повеќе истражувања.

Во истражување од 2011 година, истражувачите го споредиле нивото на глукосинолати кај луѓето кои јаделе брокула и оние кои земале додатоци направени од екстракт од брокула. Тие откриле дека зеленчукот користел клучен протеин кој му помага на телото да ги разреди глукосинолатите за апсорбирање додека додатоците го немале овој протеин. Конечно, учесниците кои користеле вештачки додатоци имале осумпати помалку глукосинолати во крвта и урината отколку оние кои го јаделе свежиот зеленчук.


Долгото варење на овој зеленчук го намалува нивото на овој ензим кај брокулата. Постои начин за решавање на проблемот - чувајте ја водата од варењето за да ја искористите подоцна. Многу истражувачи одамна препорачуваат чување на водата од брокулата за користење во супи, сосови или за консумација на друг начин.

Една грижа во врска со оваа вода се пестицидите. Имено, таа може да содржи пестициди, а одбегнувањето на ова е можно доколку се купува органска храна. „Science alert“ препорачуваат и подготовка на брокулата на пареа за поголема економичност.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје