X
 07.10.2016 Наука

Зошто се` уште не сме стапиле во контакт со вонземјаните?

Постојат неколку сценарија кои се обидуваат да објаснат зошто досега не не контактирале вонземјаните и сите се подеднакво вознемирувачки.


Дури и да се наоѓате на пуст остров, со километри оддалечени од извор на светлина, кога небото е потполно прекриено со ѕвезди, можете да видите околу еден процент од 100 до 400 милијарди ѕвезди од галаксијата
Млечен пат.

 

 

 

Секоја ѕвезда од Млечниот пат има своја универзална галаксија која патува низ вселената и секоја има свои милијарда ѕвезди и од прилика една планета која кружи по зададена насока околу секоја од нив. Тоа значи дека “надвор“ постојат милијарди светови.

И покрај многуте спроведени експерименти, се уште не е пронајден доказ дека
не сме сами. Сепак, постојат неколку теории кои тврдат дека не е многу веројатно да сме потполно сами во вселената, како и причините зошто е толку застрашувачки фактот дека до сега ниедна друга цивилизација не не контактирала.

Кардашевата скала и Фермиевиот парадокс

Размислете за тоа колку човешвото напредувало во изминатите 200 илјади години. Сега размислете колку е стара нашата галаксија – околу 10 милијарди години. Ако од пештера сме стигнале до користење на Интернет за 200 илјади години, тогаш замислете што би постигнале вонземјаните за 10 милијарди години.

Тоа е и повеќе од добволно време за развивање на софистицирани летала,
вормхолм технологија или друг вид на космичка кратенка која би овозможила брзо колонизирање на одредена галаксија.

Кардашевата скала, смислена од астофизичарот Николај Кардаш, ни помага да се обидеме да разбереме таков технолошки напредок на други цивилизации, па според него постојат три типа :

1. Тип 1 – цивилизација која открила како да се искористи целата енергија на сопствената планета.

2. Тип 2 – цивилизација која е толку интелигентна која открила како да се искористи целата енергија од своите ѕвезди, што е далеку поголема количина од онаа која можете да ја извлечете од само една планета

3. Тип 3 – цивилизација која пронашла начин да ја искористи целата енергија од целата своја галаксија

 

 

 

Најдобрите објаснувања на парадоксот можно е да се објаснат во зависност од тоа дали се вбројуваат во категоријата според која се верува дека не постојат вонземјани и сме сами во вселената, или пак според онаа со која се верува дека постојат вонземјани, но се уште не не контактирале.

Вонземјаните не постојат – хипотеза за реткоста на животот на Земјата :

Животот на Земјата може да биде резултат на чуден сплет на околности, па да не постои таква форма на живот на друго место во вселената. Според оваа
хипотеза, Земјата има совршени услови за живот, кои едноставно се создале и се уникатни. 

Иако е можно, но не е и многу веројатно, бидејќи вселената е премногу голема за да сме сами. Според најконзервативните проценки, можно е да има околу пет проценти ѕвезди слични на Сонцето, а околу нив би можело да се движат околу 22 проценти на планети слични на Земјата.  


Вонземјаните не постојат – хипотеза за големиот филтер

Ако Земјата е единственото место на кое има живот, тогаш нешто навистина грдо се случува во вселената. Тоа се нарекува
големиот филтер и идејата зад него зборува дека пред него една цивилизација може да стане успешна, доаѓа до ѕид односно филтер и умира. Затоа не сме контактирале со вонземскиот свет, бидејќи наводно животот доаѓа до одредена точка на која сме ние на Земјата, а потоа некоја неизбежна сила го проголтува.

Проблемот е што не знаеме на која точка на развој се појавува тој голем филтер, па не можеме да знаеме ни дали сме го надминале или сме на пат кон неповратна пропаст.

Постојат три сценарија кои можат да објаснат зошто сме се уште овде. Едниот тврди дека сме го “измамиле“ големиот филтер и сме поминале покрај него. Други тврдат дека допрва одиме токму кон тој филтер, но и дека сме првиот облик на живот кој доволно еволуирал за да го избегне и да преживее. Додека третото сценарио тврди дека големиот филтер се подготвува за нас. Според ова немаме воопшто шанси за преживување.

 

 

 

Постојат и други хипотези, според кои не сме сами, туку се уште не сме успеале да контактираме со вонземјанскиот свет :

Вонземјаните постојат 1 – ја посетиле Земјата уште пред да се развие интелигентниот живот

Според оваа идеја, вонземјаните дошле на Земјата и
заминале. Не пронашле ништо што им го одвлекло вниманието, единствено се соочиле со диносаурусите, а потоа заборавиле на оваа планета.

Вонземјаните постојат 2 – Галаксиите се колонизирани, но ние живееме премногу далеку

Кога Европјаните дошле во Америка, потребно им било доста време за да се сретнат со староседелците кои живееле на далечниот западен брег.

Можно е да е истото и со другите цивилизации кои едноставно не успеале да дојдат до нас, заради тоа што сме им
надвор од дофатот.

Вонземјаните постојат 3 – Други цивилизации живеат во утопија и ние едноставно не ги интересираме

Можно е интелигентниот живот во вселената толку добро да се забавува што е посветен само на својот свет и да нема потреба од далечни потраги по надворешни извори на енергија.

Вонземјаните постојат 4 – Суперинтелигентните цивилизации ги ловат помалите како нашата

Можно е да не не контактирале заради тоа што се кријат и го чекаат совршениот момент за напад. Тоа е и воедно причината зошто некои научници се против мисијата МЕТИ, која би испраќала пораки во вселената.

Вонземјаните постојат 5 – Тие ни ги испраќаат сите можни сигнали, но ние не сме во можност успешно да ги прочитаме

Можно е вонземјаните да се обидуваат да
комуницираат со нас, но ние ја немаме потребната технологија со која би можеле да ги дешифрираме пораките. Можеби не сме на вистинската фреквенција или пак тие се обидуваат да комуницираат со нас преку телепатија.

А можеби се премногу напредни и не сакаат да не исплашат, туку чекаат уште малку да напредуваме пред службеното запознавање. 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука