X
 09.10.2016 Живот

Жената која има 58 тарантули во дневната соба

Исповед на девојчето со фобија од пајаци кое сега има 58 тарантули :

 

 


“Не се сеќавам кога започнав да се плашам од пајаци. Мајка ми постојано плачеше кога ќе здогледаше пајак, па си помислев дека разумно е да се плашиш од нив. Како што растев, стравот стануваше се поголем. Почнував да добивам и панични напади кога ќе видев мало пајаче. Беше грозно.


Сфатив дека не можам да ја напуштам куќата без да бидам преплашена, па тоа мораше да запре. Започнав да истражувам за
пајаците на Интернет. Си помислев дека ако земам пајак и секогаш ќе го гледам, ќе знам дека постојано е тука и повеќе нема да се плашам.

Шест години од тогаш, имам 58
тарантули, кои се складирани во големи пластични кутии и сите се во мојата дневна соба. Кога ја зедов првата тарантула не можев да престанам со врескањето, но сега се смирив. Понекогаш и ги допирам, а имам неколку видови од нив.

Многу е лесно да се одгледуваат, се додека имаат вода се ќе биде во ред. Некои од нив дури и не јадат многу често. Сите имаат добиено имиња по ликови од филмови и серии од научна фантастика.

Никогаш не ме каснала
тарантула. Тие дури и ретко касаат. Речиси сите пајаци се отровни, но на повеќето од пајаците во Велика Британија забите не им се доволно големи за да се забодт во човечката кожа.

Сега можам да кажам дека сум зависна од пајаци. Што значи ако се соочите со својот страв и го победите, тогаш можете дури и да се заљубите во она од кое претходно сте се плашеле.

Сега дури и мојата мајка вели дека тарантулите всушност и не изгледаат така лошо.“


Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот