X
 10.10.2016 Образование

Научете се` што сакате за самo 48 часа

Веројатно никогаш не сте слушнале за Тансел Али, трикратен шампион во меморија што доаѓа од Австралија и кој стана познат, така што ја научил напамет содржината на два телефонски именика (со повеќе од 2300 бизнис имиња и 20.000 броеви) за само 24 дена.

Tансел во една прилика ја обучуваше телевизиската ѕвезда Тод Сампсон за настапот на Светскиот натпревар во меморија, што се одржа во Лондон. Тод во тој натпревар успеал да го запамети целиот шпил на карти. Целата авантура беше снимена и прикажана во документарниот филм “Redesign My Brain“.

Ако ова ве заинтересира, тогаш сигурно ќе сакате да ги дознаете советите, како и вие да запомнете било што во најкраток можен рок. Во својата најнова книга "Како да научите речиси било што за само 48 часа" (“How to Learn Almost Anything in 48 Hours“), Тансел открива како да совладате брзи и профитабилни стратегии за меморирање на податоци, како што се менталните мапи, техники на визуелизација и клучни зборови. Овие стратегии може да ги применувате секаде и секогаш, па така и за учење за испити.


меморирање


7-те едноставни чекори за помнење на речиси се:

1. Соберете што повеќе материјали и извор кои се достапни за темата: потрошете и до три часа на собирање на информации, дури и оние кои не сте ги обработиле на предавањата.

2. Смислете стратегија на памтење: на секој му одговора некоја друга техника, па затоа од вас зависи да ја одберете онаа со која најуспешно памтите. До сега  сигурно сте нашле една која функционира за вас.

3. Организирајте се и направете листа на приоритети
: Сите информации поделете ги во групи, или на различни нивоа по важност. Поголемиот дел од времето посветете се на најважните работи. Иако ова може да ви изгледа како банален совет, сетете се на последниот испит и времето што сте го потрошиле за учење работи кои воопшто не биле споменати на испитот.

4. Одредете личност која ќе ве смета одговорен за неуспех:
Ова е важен чекор! Треба да најдете лице (пријател, член на семејството, ментор), која ќе ве смета дека вие сте одговорни за вашиот неуспех (ако не научите или не совладате некои нови вештини).

На премисата на овој чекор е дека тешко се носиме со неуспехот кога друга личност е вклучена во целиот процес. Полесно надминуваме ако самите себе се разочараме, но е потешко кога разочаруваме некој друг.

5. Помните, но не за долго: и Тансел укажува дека краткиот период на учење и меморирање е многу подобар отколку  долгорочните обиди на паметење на огромна количина на информации.

6. Повторувајте, повторувајте, повторувајте: она што сте го научиле треба да се повторува. Еднаш штом повторите, повторувајте повторно и повторно.

7. Вежбајте и применувајте: Да речеме дека сакате да совладате некој странски јазик. Сте направиле се од погоре наведеното. Супер! Сега обидете се да го примените наученото: Посетете го местото каде што се зборува само тој јазик и комуницирајте. Ако се работи за некои теоретски работи, зборувајте со луѓето кои се експерти во таа област и обидете се учествувате во разговорот. Калку сте научиле? Можете ли да го следите разговорот? Што е она што не го разбирате? На тие делови морате уште да поработите.


Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование