Д-р Џим Фалон е невролог што поминал 35 години во
истражување на убијци, односно, убијци психопати. Психопатите убијци се разликуваат од другите убијци по тоа што делуваат без мотив. Работата на Д-р Фалон вклучува и препознавање на оние нешта што придонесуваат една личност да дојде до таа состојба.
Тој во своето истражување се фокусира на физичките фактори: генетика, епигенетика, оштетувања на мозокот и фактори од околината. Испитал 70 мозоци и пронашол неколку фактори што биле најчести кај психопатите убијци:
1.
Оштетување на мозокот: сите психопати што д-р Фалон ги испитувал имале оштетување на предниот дел од кортексот над очите и на внатрешниот дел од темпоралниот кортекс. Дополнително, сите имале и други оштетувања покрај овие две. Кога точно се случило оштетувањето е фактор што одлучува во каков тип на убиец психопат ќе прерасне личноста.
2. Обично се мажи: карактеристично за нив е и поседувањето на високоризичен ген на насилство, или МАОА ген. Тој се поврзува со полот и постои во X хромозомот, што значи се наследува само од мајката. Ќерките добиваат еден X хромозом од мајката и еден од таткото, а момчињата го имаат само X хромозомот од мајката и затоа веројатноста кај мажите да станат убијци е поголема.
3. Премногу серотонин: според истражувањето, луѓето со МАОА генот се премногу изложени на серотонин. Неговиот ефект обично е да го смирува мозокот, но во овој случај фетусот развива имунитет на него. Со тоа, контролата на лутината и слободувањето од стресот е невозможна во подоцнежниот живот.
4. Сведоштва на насилство: клучен фактор е изложувањето на екстремно насилство во рана возраст. Другите три фактори може да постојат без да доведат до убиства, но ситуацијата е поинаква ако имало сведоштвата или учеството во насилство. Тие се главни фактори што го поттикнуваат потенцијалниот убиец психопат со вродениот насилен ген да делува.
Доктор Фалон верува дека воените зони произведуваат генерации што се изложени на насилство бидејќи агресивните и насилни луѓе е поверојатно на преживеат, да го продолжат родот, а со тоа и да го пренесат генот. Погледнете го видеото во кое Џим Фалон ја објаснува оваа теорија: