Брајан Кокс е познат британски физичар. Според него, луѓето никогаш нема да се сретнат со вонземјаните затоа што се веќе уништени од преголемиот технолошки напредок, а истото ја чека и нашата цивилизација.
Оваа теорија прв пат ја изнесува физичарот Енрико Ферми во 1950 година, кој учествувал во изградбата на првиот нуклеарен реактор. Неговото прашање познато како „Фермиев парадокс“, гласи: „Ако било кој облик на живот со ракетна технологија можел да ја колонизира галаксијата за неколку милиони години, зошто уште немаме докази за тоа?“
Кокс одговара на „Фермиевиот парадокс“: „Не е можен опстанок на свет што има моќ за самоуништување.“
Тој додава дека напредокот на науката и технологијата многу брзо го надминува развојот на институциите кои би требало да ја имаат контролата, а тоа ја доведува до самоуништување таа цивилизација. Можеби токму ова ќе ни се случи и нам.