X
 26.10.2016 Наука

Документите од ФБИ откриваат нови детали за Никола Тесла

Никола Тесла е еден од најголемите научници што човештвото некогаш го видел, а неговите пронајдоци и ден денес покажуваат колку тој бил пред своето време. Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) неодамна објави документи за Никола Тесла, 73 години откако американската влада запленила два камиони полни со неговите работи.

Исто така, беше откриено дека научникот починал на возраст од 85 години во својот апартман во хотелот „Њујоркер“ на 8 јануари, а не на 7 јануари, како што долго се верувало. Документите на кои долго се чекало потврдиле дека ФБИ планирал да уапси член на семејството Тесла, за кој се верувало дека сакал да дојде до забелешките кои биле од непроценлива вредност за познатиот пронаоѓач.


Никола Тесла


Меѓу документите се и податоците за прототипот за паметен телефон на Тесла, а најновите откритија покажувале и нацрт патент за беспилотни летала. Тесла предвидувал војна со беспилотни летала и тврдел дека деструктивната моќ на овие машини е толку голема, што би довело до мир меѓу народите.

Интерес за овој патент се јавил кај технологот, Метју Шројер: Патентот на Тесла е наречен „Метод и апаратура за контрола на механизамите на движечките објекти или возила", а одобрен бил на 8 ноември 1898 година. Тој ја опишал машината како објект, кој нема да бара жици, кабли или друга форма на електрични или механички врски како посредник со објектот во просторот.

"Иако јас постигнувам слични резултати на многу практичен начин, за производство на бранови, импулси или зраци кои поминуваат низ земјата, водата или атмосферата со помош на соодветна апаратура, овозможувајќи објектите да се движат, предизвикувајќи ја посакуваната акција, се додека е во ефективен опсег на таквите струи, бранови, импулси или зрачење"- пишувало во документот на Тесла, што според Шројер е во суштина опис на радио-бранови.

Тесла, исто така, сметал дека овој уред ќе биде толку моќен што ќе ја натера нацијата да се обедини откако ќе ја видат неговата разорувачка моќ. Меѓутоа беспилотните летала се користат во воени цели, особено во американската војска, убиваат илјадници луѓе, така што мирот во светот е долга цел. Единственото оружје што досега успеало да донесе некаков вид на мир е атомската бомба.
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука